ЦРВЕНИ ВИНА

Волкано

Ви го претставуваме Волкано – каберне совињон од вулканската почва на 600 м.н.в. Рачна берба 2023 со лимитирана серија од 5.997 шишиња.

Берба 2023

Сорта на грозје Каберне Совињон

Волкано го отсликува најдиректно својот тероар и енергијата што тој ја носи. Рачна, секвенциона берба кон средината на октомври, во ладните утра, само од избрано сопствено лозје и од вулканска почва. Oва каберне совињон е како ниту еден друг од тероарите типични за Македонија.

Во тоа е и неговата посебност. Има арома на свежо црвено овошје, испреплетена со зачини и црн бибер, и вкус каде што се присутни и потемните  бобинки обвиени во сложени тонови од тостираноста на францускиот даб.

Виното Волкано достигнува врвно гастрономско ниво доколку се комбинира со црвено месо, а од десерти е идеален партнер за темно чоколадо, ореви, како и суви сливи или смокви.

Препорачана температура
на сервирање:
16-18oC

Процент на алкохол: 15%