ВРЕДНОСТИ
НА БРЕНДОТ

Во Винаријата Монтеко посветуваме особено внимание на нашите лозови насади и на процесот кој што се одвива во визбата. Секој член на нашиот тим се одликува со експертиза и страст, придонесувајќи за нашата заедничка историја.

Од прецизна селекција на грозјето, до посветеност на квалитетот и највисоките технолошки стандарди, нашиот тим обезбедува ново ниво винско искуство.

Крајниот производ се вина кои се совршен спој на уникатни географски специфики, винска традиција и иновативност, вина со чувство за потекло и поврзаност со нашите корени.