ЦРВЕНИ ВИНА

Филип

Раскошното куве Монтеко Филип освојува на прва со уникатниот вкус добиен од совршен сооднос на мерло, вранец и каберне совињон. Резултатот е инспиративно вино во рубин црвена боја со виолетови поттонови, кое креира вистинска симфонија на полн и комплексен вкус на овошје збогатено со зачински билки. Суптилниот допир на ванила и чад само го надополнува чувството на возвишеност при дегустацијата.

Берба 2023

Сорта на грозје
Мерло, Вранец и Каберне Совињон

Вистинската инспирација за уживање доаѓа во комбинација на ова вино со срнечки бут или печено говедско месо, а совршената спојка се создава и со различни видови тврди овчи сирења.

Препорачана температура
на сервирање:
16-18oC

Процент на алкохол: 15%

Раскошниот вкус на Монтеко Филип ќе го чувствувате уште долго после секоја голтка.