ЦРВЕНИ ВИНА

Неро

Запознајте го нашето ароматично куве Монтеко Неро. Како резултат на еднаквиот сооднос на мерло и каберне совињон, добивме вино со изразена црвена рубин боја дополнета со виолетови нијанси.
Се одликува со комплексен овошен мирис облагороден со зачински ноти на кои се додадени дискретни примеси на чад и ванила. После секоја голтка следи долг, овошен послевкус, кој заокружува мека и елегантна завршница.

Берба 2023

Сорта на грозје
Мерло и Каберне Совињон

Ова врвно вино ќе ви приреди врвно гастрономско доживување доколку го комбинирате со силно месо, како што е свинска коленица, ребра во фурна или јагнешки котлети. Совршено оди и во пар
со сино сирење.

Препорачана температура
на сервирање:
16-18oC

Процент на алкохол: 15%

Вкусете го Монтеко Неро, вино со неверојатен шарм и автентичен печат на нашата винарија.