НАШАТА ПРИКАЗНА

РИЗНИЦА НА ВКУСОВИ

Таму каде што земјата раскажува приказни стари со векови, а природата ја обликува секоја лоза со прецизност и карактер, започнува приказната на Монтеко. Ова е простор каде вулканскиот камен, сонцето и планинскиот ветер создаваат уникатен баланс – место каде виното не се создава, туку и се раѓа од самата суштина на земјата.

наследство и визија

Винаријата Монтеко е основана далечната 1956 година

Како визија втемелена во традицијата и љубовта кон виното. Низ годините, оваа визија се развива и се надградува, но секогаш останува верна на своите корени. Со нова енергија и јасна определба за врвен квалитет, од 2024 година винаријата влегува во нова фаза – целосно модернизирана, со најсовремена технологија и прецизен пристап кон секој сегмент од производството. Денес, Монтеко претставува совршен спој на традицијата и современото винско мајсторство.

Сместена во регионот на Кратово, на надморска височина од околу 700 метри, винаријата е позиционирана во средина што ретко може да се сретне. Вулканската почва, свежите планински ноќи и долгите сончеви денови создаваат природни услови кои овозможуваат бавно и рамномерно зреење на грозјето. Овој процес придонесува за развој на комплексни ароми, изразена свежина и прецизна структура во секое вино.

Вулканската почва, богата со минерали, е суштинскиот елемент што го дефинира карактерот на вината на Монтеко. Таа ја поттикнува лозата да развива длабок коренов систем, создавајќи грозје со концентриран вкус, јасен идентитет и суптилна минералност. Овој природен потпис се чувствува во секоја голтка – како елегантна нишка што ја поврзува чашата со земјата од која потекнува.

Умешност во изработката

Приказна ткаена во секое вино

Секој чекор од процесот – од лозјата до шишето – е резултат на прецизна контрола и внимателна работа. Одгледувањето, рачната берба и селекцијата на грозјето се одвиваат со посебна грижа, додека во визбата традиционалните методи се надополнуваат со современа технологија, овозможувајќи максимално извлекување на потенцијалот на секоја сорта.

Зад секое вино стои тим од посветени енолози, чија експертиза, чувство и страст ја дефинираат финалната форма на секоја етикета. Нивната работа е повеќе од техника – тоа е уметност која ја следи природата, но и ја води кон совршен баланс.

Во секое шише Монтеко е вткаена приказна – за земјата, за времето, за традицијата и за визијата. Тоа се вина кои го носат духот на своето потекло и го претвораат во искуство што се памети.

TASTE THE WINES

Visit Monteko

Within the winery there is also a specially designed tasting room, where visitors get the opportunity to directly experience the story of Monteko. Here, wine is not tasted just as a product, but as an experience – a combination of space, taste and a story that is conveyed in every glass.